Manhart продолжува да ја проширува својата палета на модели на BMW M3 и M4, па на ред е нивниот модифициран BMW M4 CSL, наречен Manhart MH4 GTR II.
За почеток, има 3,0 литарски твин-турбо мотор со шест цилиндри засилен до 702 КС и вртежен момент од 880 Nm.
Пакетот вклучува и 20-инчни тркала Forged+ 1 by Yido Performance, аеро-боди кит (елементи од јаглеродни влакна, преден спојлер, странични прегради, заден дифузор…), хауба од јаглеродни влакна, значки Manhart и црвено-портокалови украсни елементи, посилни сопирачки, модифицирана суспензија H&R, нов спортски издувен систем од не’рѓосувачки челик, како и надграден ентериер (патосници Manhart, тркачки појаси Schroth и тркачки шлем).