Manhart TR 750

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Тјунерската куќа Manhart го објави модифицираното Porsche 911 Turbo S, овде наречено Manhart TR 750

Бројката во името значи дека неговиот мотор сега има 750 КС, што е благодарение, меѓу другото, на репрограмираната единица ECU и новиот издувен систем.

Податоци за забрзување до 100 км/ч и максимална брзина се уште не се објавени

Пакетот вклучува и нови тркала, посилен систем за сопирање, пружини H&R (автомобилот е понизок за 30 мм), Manhart ремени и приспособена внатрешност според желбите на клиентот.