Германски Manhart неодамна го претстави моделот TR 800 (модифициран Porsche 911 Turbo S), додека сега нивниот TR 900 (тјуниран Porsche 911 GT2 RS) е пред нас.
Пакетот, меѓу другото, вклучува турбо полначи TTH 1000, комплет за интеркулер Manhart, репрограмирана единица ECU и спортски издувен систем, па Manhart TR 900 има 945 КС и 1050 Nm вртежен момент.
Во кратките вести не се споменуваат податоци за забрзување до 100 km/h и максимална брзина.
Пакетот, меѓу другото, вклучува и модифициран менувач (7-брзински менувач PDK), посилен систем за сопирање, DB aero body kit изработен од карбонски влакна (преден спојлер, отвори за воздух, прагови, заден дифузер…), ознаки Manhart и нови патосници во внатрешноста.
Цената за овој TR 900 во Германија е 550.000 евра.