Германскиот тјунер Mansory го претставува F9XX Tempesta Celeste (базиран на Ferrari SF90) кој беше најавен претходно оваа година.
Тука имаме модифицирана надворешност (преден спојлер, странични прегради, заден спојлер, заден дифузер и хауба од јаглеродни влакна), како и црни тркала од 21 и 22 инчи, модифицирана суспензија, нов издувен систем со четири издувни цевки и „дотерана“ двобојна кожна внатрешност со спортски кожен волан Mansory и патосници Mansory.
Што се однесува до погонот, 4,0 литарскиот V8 твин-турбо е засилен на 980 КС, а во комбинација со три електромотори, вкупната моќност е 1100 КС.
Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,4 секунди, додека максималната брзина е 355 km/h.
На крајот, серијата е ограничена на само 3 примероци.