Германскиот Mansory по неколку месеци повторно се занимава со Rolls-Royce Phantom, а оваа најнова креација е наречена Phantom Pulse Edition.
Луксузната лимузина се одликува со Black Diamond надворешност, аеро боди комплет (преден спојлер, спојлер на багажникот…), црни детали, нови LED светла, хауба од карбонски влакна, малку изменета предна решетка, нови тркала (до 24 инчи), модифицирани суспензија, нов издувен систем и префинет ентериер (сина кожа, амбиентално осветлување, потпирачи за глава и безбедносни појаси со логото Mansory…).
Што се однесува до моторот, 6,75 литарскиот твин-турбо V12 на Phantom овде е засилен од 571 КС и 900 Nm на 610 КС и вртежен момент од 950 Nm.