Кинески Geely пред крајот на пролетта ќе започне со продажба на новиот електричен автомобил Caocao 60, кој ќе се продава под брендот Maple.
Должината на овој лифтбек е 4640 mm, висината е 1870 mm, меѓуоскиното растојание е 2760 mm, а волуменот на багажникот е 500 литри.
Во споредба со минатогодишниот концепт, дизајнот сега е поедноставен, коефициентот на отпор е 0,24, додека тркалата се 17 инчи.
Caocao 60 има прилично едноставен ентериер, со дигитална инструмент табла која е многу компактна.
Автомобилот тежок 1625 килограми го придвижува електромотор со 163 КС, со погон на предните тркала, а досегот е 415 километри.
Caocao 60 ќе чини од 17.400 до 20.300 американски долари во Кина, во зависност од верзијата.