Марадона има три вонбрачни деца во Куба

од Vlatko K
169 прегледи

Аргентинската фудбалска легенда, Диего Марадона има три вонбрачни деца кои се родени во Куба.
Ова го откри адвокатот на големиот фудбалер, Матијас Морла, пред „Кларин“.

Аргентинецот е подготвен да ги признае своите деца, ако се потврди дека се негови со ДНК тест.
Морла не ги откри имињата и полот на децата.

Трите деца на Марадона се од две различни жени. Ако навистина се потврди дека тој е нивен татко,
бројот на неговите наследници ќе биде осум.

Големиот фудбалер од неодамнешното минато беше во Куба помеѓу 2000-2005 година, каде се
лекуваше од зависност од дрога. Во моментов живее во Мексико, каде што го тренира
второлигашот Дорадос.