Мараја Кери на суд за сексуално вознемирување. Тужителката не е кој и да е, туку поранешната менаџерка, Стела Булочников која до пред некое време, била една од најблиските пријателки на пејачката.
Обвинителството тврди дека Мараја била „постојано гола“ пред менаџерката, според која, оваа голотија е вид сексуално вознемирување, пишува „TMZ“.
Булочников тврди дека во почетокот на службените односи, пејачката поретко си дозволувала слична слобода, но малку пред да се разделат таа се шетала гола речиси постојано, а освен тоа вршела „несомнено сексуални“ дејствија во присуство на менаџерката.
„Прво бев шокирана, а потоа ми се згади. Се обидов да покажам на Мараја дека не сум таков човек, но таа не сакаше да разбере и продолжуваше да се однесува претенциозно. Конечно се разделивме“, тврди Стела Булочников.
Според „TMZ“ таа имала тригодишен договор, кој бил прекинат еднострано и работодавецот и должи „огромна сума“ како казна.
„Мараја и должи на Стела дестици милиони долари“, пишува претставник на менаџерката пред „Daily Mail“.
Според податоците на „Forbes“ во 2015 година, кога договорот меѓу двете бил потпишан, Мараја заработила 27 милиони долари, а за времето во кое била менаџирана од Стела, богатството ѝ е зголемено за околу 100 милиони долари.
Претставник на ѕвездата категорично ги негираше тврдењата како „неосновани“.
Јавно, на изведувачката на вечниот божиќен хит „All I Want for Christmas Is You“ не и оди во последно време. На крајот на 2017 година таа беше обвинета за сексуално малтретирање од свој телохранител, а пред неколку дена и се наложи да признае дека боледува од биполарно растројство.
Претстои да разбереме и дали ќе „олесни“ за неколку милиони долари, кои ќе влезат во џебот на нејзината поранешна службеничка.