Марго Роби го смени имиџот: Повеќе не е русокоса убавица (ФОТО)

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Австралиската актерка Марго Роби е една од најбараните во моментот кога станува збор за ангажмани, но и една од најубавите жени на светот која сигурно ја паметите по нејзината руса коса, за која може да се каже дека и беше заштитен знак.

Но, по толку многу години, актерката очигледно се реши на промена, па папратите ја сликаа во Лос Анџелес во сосема поинакво издание.

Марго сега е непрепознатлива бринета, а бидејќи беше фотографирана на сет со колегата Роберт Де Ниро, каде работеа на нов филм на режисерот Дејвид О.Расел, многумина коментираат дека тоа е само перика и дека го сменила имиџот за новиот проект.