Марго Роби има комплициран однос со својот татко, ја напуштил кога била дете

од Stefanija Kuzmanovska
482 прегледи

Ѕвездата на филмот „Барби“ Марго Роби моментално важи за една од најатрактивните и најбараните актерки. По потекло од Австралија, славата ја стекна со улогата во филмот „Волкот од Волстрит“, а оттогаш ниже деловни успеси.

Сега речиси цел свет зборува за неа поради улогата во филмот „Барби“, а интересот за нејзиниот приватен живот не стивнува.

Сега повторно се зборува за нејзиниот однос со нејзиниот татко.

Кога Марго стана позната, списанието New Idea објави дека таткото на русокосата актерка е тајкунот Даг Роби, кој ја напуштил неа и нејзините три браќа и сестри кога биле деца.

„Марго и нејзината сестра Ања не сакаат да знаат ништо за него“, рекол тогаш близок извор на семејството.

Во написот се наведува дека „богатиот и моќен магнат за недвижности и шеќер“ живее на само неколку улици подалеку од мајката на актерката, Сарија Кеслер.

Додека Марго не сака ништо да има со нејзиниот татко, нејзиниот брат Лаклан „Локи“ Роби е прилично близок со него и му посветува емотивни пораки за Денот на таткото.

Марго накратко зборуваше за својот татко во интервју за „The Sun“ во 2016 година, кога откри дека тие ретко комуницираат.

Од друга страна, безброј пати зборуваше за својата мајка, најчесто во суперлативи, пофалувајќи ја што сама одгледала четири деца.

„Мојата мајка е најслатката личност на светот и кога би се претворила во неа, воопшто не би се лутела, напротив би ми била чест“, вели таа.

Слични содржини