Маргот Роби навести дали ќе има продолжение на филмот „Барби“

од Stefanija Kuzmanovska
391 прегледи

Филмот „Барби“ во режија на Грета Гервиг годинава целосно го „полуде“ светот, а неговата заработка моментално изнесува 1,4 милијарди долари.

Затоа, „Барби“ е во топ 3 филмови на годината, а многумина предвидуваат продолжување на ова остварување.

Маргот Роби и Рајан Гослинг беа во главните улоги на Барби и Кен, а судејќи по коментарот кој неодамна го даде Маргот, засега не се планира продолжение.

„Мислам дека дадовме се од себе во овој филм. Не го направивме со цел да создадеме трилогија или нешто слично. Грета покажа се во овој филм и едноставно не можам да замислам што би било следно“, изјави актерката за АП.

Слични содржини