Маргот Роби откри кои реквизити ги користат актерите како замена за дрога

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Маргот Роби откри кои реквизити актерите најчесто ги користат кога снимаат филмови за веродостојно да ја прикажат употребата на дрога, а некои од нив може да ве изненадат.

Во неодамнешното интервју за BuzzFeed, ѕвездата ги откри креативните реквизити што ги користат во сцените со дрога.

Витамини, лаксативи, шеќер во прав…

Актерката откри дека витаминот Б во прав или лаксатив за бебиња во прав всушност се користат како замена за кокаин во ТВ емисии и филмови. Покрај тоа, филмската екипа понекогаш користи шеќер во прав, но не смее да го голтне.

Таа додаде дека „не е пријатно чувство“ да се шмркаат лажни лекови, но подеднакво е непријатно да се користи друг реквизит кој често се користи на филмските сетови.

Друг реквизит кој се користел се цигарите. Маргот објасни дека иако никогаш не пушела вистински цигари, морала да пуши лажни за да му даде рапав глас на својот лик.

„На снимањето се користат цигари кои немаат никотин. Тоа се билни цигари, но имаат ужасен вкус”, открила актерката.

Слични содржини