Маргот Роби снима филм за една од најпопуларните друштвени игри

од Vladimir Zorba
183 прегледи

МАРГОТ Роби и нејзините партнери од продукциската куќа LuckyChap Том Акерли и Џози Мекнамара работат на долгометражен филм заснован на таблата „Монопол“ (Monopoly), потврдија од Variety.

Hasbro Entertainment, сопствениците на Monopoly, ќе го продуцира филмот заедно со LuckyChap.

Monopoly е друштвена игра чија цел е да собере што повеќе пари со купување на разни имоти. Студиото Lionsgate, кое ги поседува филмските права на играта, изјави дека Monopoly е најпопуларната игра на табла во светот. Играта е достапна во повеќе од сто земји, а од нејзиното создавање во 1935 година, продадена е половина милијарда копии.

Адам Фогелсон од Lionsgate ја потврди веста за претстојниот филм и соработката со LuckyChap на CinemaCon, која моментално се одржува во Лас Вегас.

„Тие се исклучителни продуценти кои внимателно ги избираат своите проекти а во Monopoly се приклучува со јасна визија. Ние сме исклучително возбудени што ќе работиме со целиот тим во LuckyChap на она што веруваме дека ќе биде нивниот следен филмски блокбастер”, рече Фогелсон.

Продуцентската куќа LuckyChap работеше на филмовите I, Tonya, Promising Young Woman и Barbie. По успехот на минатогодишниот хит Барби, кој заработи повеќе од милијарда долари, тие станаа една од најбараните продукциски куќи во Холивуд.

Слични содржини