242
Австралиската актерка Маргот Роби ќе го толкува ликот на Барби во истоимениот филм, а компанијата Warner Bros ќе го прикаже ова дело на 21 јули следната година.
Сепак, и пред премиерата, овој филм станува дел од историјата, заедно со Маргот, која ќе стане новата најплатена актерка во светот, бидејќи улогата ќе ѝ донесе 12,5 милиони долари.
Идентична сума ќе заработи и Рајан Гослинг, кој ќе го глуми Кен во споменатиот филм.
Марго на почетокот на месецов го прослави својот 32 роденден токму на сетот на „Барби“.