Маргот Роби за жешката сцена со Леонардо Ди Каприо: „Пиев текила, бев многу нервозна“

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Актерката Маргот Роби откри колку била нервозна додека ги снимала жешките сцени со Леонардо Ди Каприо во „Волкот од Волстрит“.

Роби, која многумина ја нарекуваат најубавата жена на светот, била многу нервозна пред да ја сними сцената на подот со познат холивудски актер и за да се охрабри испила неколку чашки текила.

„Бев многу нервозна“

„Нема да лажам, имав неколку чашки текила пред да ги снимаме сцените на подот. Бев многу, многу нервозна“, навела Роби во интервју за BAFTA: Life in Pictures, нагласувајќи дека можеби само изгледала самоуверено, но во никој случај не била.

Роби имала само 22 години кога се снимале сцените со нејзиниот 15 години постар партнер Ди Каприо. Станува збор за сцена која се одвива во детската соба каде Роби, кој го толкуваше ликот на сопругата на Џордан Белфорт, се обидува да го испровоцира Ди Каприо покажувајќи го нејзиното голо меѓуножје. Тоа беше една од најексплицитните сцени во контроверзниот филм.

Слични содржини