Марија Морера е најстарата жена на светот – родена е две години пред да започне изградбата на Титаник

од Vladimir Zorba
341 прегледи

Марија Морера, која е родена на 4 март 1907 година, е прогласена за најстарата личност на светот во Гинисовата книга на рекорди, по смртта на француската калуѓерка Андре на 118-годишна возраст.

Морера последните 22 години ги помина во старечки дом во Каталонија, но е родена пред речиси 116 години во Сан Франциско, помалку од четири години по полетувањето на браќата Рајт и две години пред почетокот на изградбата на Титаник, пренесе CNN.

Морера е родена една година откако нејзините родители емигрирале во САД, но осум години подоцна решиле да се вратат во Шпанија. На враќање, нејзиниот татко починал од туберкулоза на бродот, а таа трајно го изгубила слухот на едното уво поради пад на бродот, според Гинисовата книга на рекорди.

Морера ја помина Првата светска војна, Шпанската граѓанска војна и Втората светска војна во Барселона, како и пандемијата на шпански грип, а таа се смета за најстарата личност која успеала да се опорави од Ковид, кој го доби во мај 2020. Има три деца, 11 внуци и 13 правнуци.

Според Гинисовата книга на рекорди, најдолговечна личност досега е Французинката Жан Луиз Калман, која е родена на 21 февруари 1875 година и живеела 122 години и 164 дена.

Слични содржини