Маричиќ: ЕУ е на наша страна

од Берта Китинска
286 прегледи

Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, познат како Фронтекс, потпишан на македонски јазик, без никакви фусноти и ѕвездички, напиша на Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук.

-Правиме чекор напред во односите со Унијата и го унапредуваме управувањето со границите и со нерегуларната миграција, што е наш заеднички интерес.Пораката е јасна: ЕУ е на наша страна и уште еднаш се покажува како вистински партнер со кој заеднички ќе ги надминуваме економската и енергетска криза. На нас сега останува заеднички да се посветиме на европската агенда и да ги испорачаме реформите и задачите, за успешно водење на преговорите и брзо членство во ЕУ, напиша Маричиќ.

Слични содржини