293
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на својот Фејсбук профил, изрази поддршка за иницијативата на ЦИВИЛ за општествено-политичко обединување за европска иднина на нашата земја.
„Нема поголема македонска кауза од обединувањето на сите наши граѓани околу европската иднина на нашиот народ и нашата татковина. Да поддржиме и да создадеме моменти на заедништво како што е македонската изведба на евровизискиот хит од 90та ИНСИЕМЕ/ЗАЕДНО.“, напиша Маричиќ на својот профил на Фејсбук.
Тој го сподели и линкот од македонската верзија на познатиот италијански хит „Инсиеме/Заедно“ со која Тото Кутуњо победи на Евровизија во Загреб 1990 година.