Маричиќ: Добиваме позитивни извештаи од ЕК за постигнувањата во делот на демократија, владеење на право и човекови права

од Nikola Popovski

Земјава добива позитивни извештаи од Европската комисија за постигнувањата во делот на европските вредности, како што се демократија, владеење на право и човекови права, корпус на обврски што произлегуваат од членството во Советот на Европа и се неизбежни во нашата европска интеграција, вели министерот за правда, Бојан Маричиќ во интервју за МИА.

Според него, имаме навистина видлив напредок и во делот на слободата на изразување, во делот на заштита на етничките групи и во делот на заштитата на другите слободи како што е слобода на организирање, како и на заштита на човековите права…

-Секогаш кога добиваме меѓународен извештај поврзан со човековите права, владеењето на правото, корупцијата или било која област, го гледаме како водич за тоа како да се подобриме и што да направиме повеќе од она што го правиме. Така што сите овие извештаи се добредојдени, бидејќи ни помагаат како да ја подобриме и легислативата и законодавството и институционалната пракса, појаснува Маричиќ.

Тој додава дека Советот на Европа ќе продолжи понатаму да ја помага Македонија во нејзиниот пат кон Европската интеграција и Европската Унија.

-Апсолутно, Советот на Европа е простор каде што ние можеме многу да направиме за заштита на нашите интереси и за придонес на вредностите на Советот на Европа. Тоа е поле во кој што многу може да ни помогне во европските интеграции и во задоволување на основните демократски принципи и принципите на заштита на човековите права и владеењето на правото.

Слични содржини