Би сакал да искажам пофалби за ова што го прави СДММ, а особено младите жени, бидејќи тој притисок што се создава од нивна страна е единствениот начин да се наметне прашањето за родова еднаквост на вистинскиот начин и да бидат притиснати институциите да дејствуваат во единствената можна насока во прогресивно општество, а тоа е целосна рамноправност, истакна меѓународниот секретар на СДСМ Бојан Маричиќ на јавната трибина во организација на Социјалдемократската младина на Македонија.
За „Јавна соба“, без размислување ќе кажам дека е кривично дело. Да не беше така, немаше да има лица лишени од слобода, на кои им е определен притвор и немаше да дејствува јавното обвинителство, рече Маричиќ, додавајќи дека инситуциите на системот дејствуваат со цел ваквите настани повеќе никогаш да не се повторат.
Кривичниот законик се либерализира преку воведување на нови кривични дела и добро е што измените во центарот ја ставаат заштитата и правата на жртвата и ги прецизираат делата од родово базирано насилство, истакна Маричиќ, додавајќи дека се воведуваат кривичните дела демнење и полово вознемирување.
Тој нагласи дека мора да се избегнат ситуациите жртвите да бидат повторно жртви, повторно да поминуваат низ истиот пекол.
Кривичното дело демнење ќе ја заштити жената и во дигиталниот простор, и предвидува санкционирање на влегување во приватноста во јавен или дигитален простор, несакан контакт, искористување на лични податоци, слики, приватни преписки, прецизираше Маричиќ.
Маричиќ посочи дека за кривичното дело Полово вознемирување се предвидува парична казна и затвор до една година.
Оваа нова верзија на измените на Кривичниот законик пред една недела е пуштена во владина процедура и наскоро треба да биде во собрание, каде очекувам дека ќе наиде на поширок консензус, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.