Маричиќ: Македонија нема да се меша во прашања на друга држава, согласно Уставот

од Берта Китинска
183 прегледи

За изјавата на бугарскиот премиер Петков дека нема македонско малцинство во Бугарија Маричиќ одби да коментира.

Во однос на неговата лична постапка, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ за Топ Тема изјави:

„Јас се држев до нашиот Устав. Таму стои дека РСМ се грижи за права на македонскиот народ во Македонија, но и надвор од државата. Тоа е наша обврска, но стои дека Македонија нема да се меша во прашања на друга држава. Секој има право да се декларира како што се чуствува. Ништо поразлично не сум кажал од тоа.“

Слични содржини