Маричиќ: Обвинителството до крај да го расчисти случајот „Јавна соба“, демнењето и сексуалното вознемирување ќе станат кривични дела

од Nikola Popovski
189 прегледи

Министерот за правда го повика Јавното обвинителство целосно да го расчисти случајот „Јавна соба“, затоа што до него има доволно предадени материјали.

„Сега на потег е Обвинителството, да го расчисти овој случај по судски пат, затоа што има доволно материјали коишто се предадени до обвинителството“, повика министерот за правда, додавајќи дека во моментов се прават измени на Кривичниот законик.

„Она што ние како институции коишто ги предлагаме регулативите сега го правиме е внесување на предлог измени на Кривичниот законик, каде врз основа на имплементацијата на Истанбулската конвенција внесуваме нови кривични дела како што се демнење и полово вознемирување“, посочи министерот за правда Бојан Маричиќ.

Слични содржини