Министерот за правда Бојан Маричиќ од денес престојува во дводневна посета на Црна Гора, каде ќе учествува на ”Балканскиот интегративен форум 2021” во организација на Европското движење на Црна Гора и Фондацијата Фридрих Еберт. Тема на форумот ќе биде евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан, но и предизвиците со кои се соочува Унијата изминатиот период.
Предвидено е Маричиќ да се сретне со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, и со државните секретари на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда. На средбите ќе се разговара за напредокот на двете земји во спроведувањето на реформите, со акцент на правосудството.
Покрај министерот за правдана форумот ќе учествуваат и високи претставници од регионот, функционери, дипломати од Западен Балкан и Европската Унија, како и голем број на експерти.