Маричиќ: Преговорите се долг процес, треба да се чува Западен Балкан на „шините” на правилата и вредностите на Унијата

од Берта Китинска
142 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната средба во Париз со министерот и државнен секретар за европски прашања Бон, изјави дека се повторени заложбите на новата Влада за текот на реформите, зајакнувајќи го интензитетот, особено во делот на владеење на правото, борбата против криминалот и корупцијата и други области, но и посветеност на договорот за дијалог со Бугарија и за негување на добрососедските односи. Заложбата на нашата Влада е со Европската Комисија и земјите членки, вклучувајќи ја и Франција да се зајакнат нашите институции и подготвката за преговорите.

– Би сакале да видиме резултати од овој нов пристап, инвестираме многу енергија во новиот пристап на двете Влади и веруваме дека отворениот дијалог ќе донесе резултат во изнаоѓањето на решение, врз основа на европските вредности. Сакаме да ја прошириме нашата заложба за зајакнување на нашите институции и да ги подготвиме заедно со Европската Комисија и земјите членки, вклучувајќи ја и Франција за зајакнување на нашите институции и нивната подготвеност за почеток на пристапните преговори, кажа вицепремиерот.

Според Маричиќ иако преговорите ќе трајат долго треба да се зачуваат нашите институции во реформските процеси и приспособувањето кон европските политики и законодавство.

-Пристапните преговори се процес кој ќе трае долго, повеќе од една деценија, но многу е важно за нас да се зачуваат нашите институции во рамката на реформските процеси, да се задржи позитивната трансформација на нашите политиките и приспособувањето кон европските политики и законодавство. Се разбира секако да се зачува фокусот на Европската Унија кон Западен Балкан но исто така да се чува Западен Балкан на „шините” на правилата и вредностите на Унијата. Ние сме навистина благодарни што француското претседстелство има цврста програма за Западен Балкан во текот на овие шест месеци и очекуваме да дадеме свој придонес во важните дискусии за Западен Балкан, како што се млади, безбедност и животната средина бидејќи ова се теми за нас многу корисни и би сакале со Франција и останатите земји членки да испорачаме резултати. Северна Македонија е спремна да испорача резултати и ја очекуваме француската поддршка во нашите реформи, додаде Маричиќ.

Слични содржини