Маричиќ во официјална посета на Брисел

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, утре и задутре ќе биде во официјална посета на Брисел, каде со претставници на Европскиот парламент и на Европската комисија ќе разговара за процесот на европска интеграција на Северна Македонија и актуелните настани во регионот, во пресрет на одржувањето на јунскиот самит и Конференцијата за Западен Балкан на француското претседателство.

Утре, 13-ти јуни, вицепремиерот Маричиќ ќе се сретне со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино, со вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела а ќе разговара и со Симон Морду, главниот советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот Совет, Мишел.

Во вторник, вицепремиерот задолжен за европски прашања Маричиќ, агендата во Брисел ќе ја започне со брифинг на Работната група на Советот на Европската унија за Западен Балкан/Проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), на кој ќе информира за за напредокот на земјата во реформите во насока на подготовка на земјата за почеток на преговорите за членство со Европската Унијата, по што ќе следи средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и со координаторот на Европската Комисија за Северна Македонија, Марк Јорна.

Посетата на Брисел, вицепремиерот Маричиќ ќе ја искористи да се сретне и со Ќучук Илхан, бугарскиот европратеник и известувач за Република Северна Македонија во Европскиот Парламент, а ќе ја посети и Партијата на европските социјалисти.

Слични содржини