Маричиќ за „Локално“: Претставки по однос на разрешувања на судии препраќаме во Судскиот совет, министерството нема надлежност да ја контролира засебно работата на секој судија

271 прегледи

Во рамки на претставувањето на новите правилници и реформи во правосудството, на новинарско прашање за Локално,во однос на разрешувањето на неколкумина судии во последниот период, дали имате податоци за поплаки од граѓаните во судските спорови каде се работи за селективна правда, и дали во истражувањата имате податоци за судии кои добиле мито и корупција за донесување на одредена одлука во судски спор, министерот за правда Бојан Маричиќ одговори:

„До министерството за правда стигаат претставки од граѓани секодјенвно. По сите постапуваме, а во однос на ова прашање и овие случаи ги препраќаме на разгледување до судскиот совет, бидејќи министерството нема надлежност да ја контролира работата на одредени судии. Но, затоа постои судскиот совет како тело, за да постапи по истите“, посочи министерот Маричиќ.

Слични содржини