Маричиќ: Започна филтрацијата во судството, на нашите грашани им ветивме правда и правда ќе има

286 прегледи

Вечерва на својот фејсбук профил, министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека започнува најавената филтрација во судството.

„Филтрацијата во судството започна.
Ја поздравувам последната одлука на Судскиот совет за разрешување на судии кои ја попречувале правдата. Само на овој начин ќе се врати довербата во системот.
На нашите граѓани им ветивме правда и правда ќе има“, се вели во фејсбук статусот на Маричиќ.

Инаку претходно за потсетување, судскиот совет одлучи да разреши неколку судии, меѓу кои и Весна Кичеец, која го предводеше случајот за 27-годишниот Охриѓанец, кој беше убиен на новогодишната ноќ во 2016. година од српски државјанин пред еден охридски кафебар.

Слични содржини