Маричиќ: Членството во ЕУ до 2030 година е одреденица, до тогаш мора да ја звршиме задачата дома но и да вршиме притисок врз Брисел

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Зборувајќи за евроинтегративниот процес и членството во ЕУ до 2030 година првиот вицепремиер во Влаата и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во денешниот поткас посочи дека тоа не треба да се сфати здраво за готовор, туку и дека е потребно и се сработат домашните задачи но и да се прави притисок кон институциите на ЕУ.

Само ако го изнализирате на брановите на проширување, од кога има преговори, од 93-те оние првите бранови 95-та, Австрија и Финска таму немало реално потреба од преговори. Но, еве 2004 година проширувањето и понатаму. Преговорите во просек, реално траеле 5-6 години не повеќе од тоа. И сега ако имате вие веќе 12 –та година Србија и Црна Гора преговараат, без сериозни изгледи еве на пример годинава или наредната да завршат со тоа, нормално или ние 17 години чекавме со статус кандидат да почнеме, тој притисок е затоа битен кон нив затоа што и ние со соочувавме со тоа, затоа и 2022 ни беше тешка затоа што пораките кои ги добивавме дека навистина постои моментум/ Мислам дека тој пат може да го совладаме само со јасен план од сите страни и со негубење на ентузијазмот затоа што ако Шарл Мишел го изговорил 2030, ние тоа не треба да го сфатиме како здраво за готово, меѓутоа треба да го искористиме како шанса и притисок врз европските институции и држави, што јас барем еве го правам на секоја адреса“ рече Маричиќ.

Рамката 2030, додаде тој, е само организациона рамка, една одредница која што треба да ја ледиме.

„Ние мора да имаме цел затоа што се друго и таа да биде реална и потврдена од нивна страна. Се друго ќе ги зајакне популистите, барем јас како гледам на овие европски избори. Во морето на таа лоша енергија во однос на популизмот, околу пораст на радикалните политички опции мислам дека добра вест е што има едно поинакво ниво на свест за проширувањето, дека има моментум за тоа дури се кажува веќе тоа дека наредните 5 години оваа комисија што доаѓа ќе треба да го подготви теренот за нови држави – членки.“ посочи Маричиќ.

Слични содржини