Маричиќ: Воведуваме огромна промена, државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните

од Симе Стоиков

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ вечерва се обрати од собирот на граѓани во Кисела Вода. Во своето обраќање вети надеж, посветеност и напорна работа на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.

Маричиќ меѓудругото најави дека граѓаните ќе станат акционери во енергетските компании.

„Воведуваме огромна промена, државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство“, посочи Маричиќ.

„СДСМ и Коалицијата за европска Македонија ја гледаат иднината на државата како горда и рамноправна членка на ЕУ најдоцна до 2030 година. Сега ја имаме најголемата шанса за влез во ЕУ – извесно е, предвидливо е, остварливо е. Заедно ќе успееме“, нагласи меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ во Кисела Вода.

„Сега нема откажување. ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски немаат план како брзо да стигнеме до членството во ЕУ. Нивниот план е да го блокираат напредокот кон ЕУ. Со тоа ќе ја уништат надежта за подобра иднина, повисоки плати, поквалитетно здравство и образование“, рече Маричиќ.

Тој потсети дека од почетокот на 2022 до оваа година, посветено спроведувавме политики и мерки кои гарантираат економска сигурност, подобрен животен стандард и солидарност.

„Минималната и просечната пензија пораснаа за 50% во споредба со пензиите за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Реални се нашите предвидувања дека во новиот мандат, минималната пензија ќе изнесува најмалку 20.000 денари, а просечната ќе достигне 30.000 денари“, истакна Маричиќ и рече ја презема обврската „како што растат внуците така ќе растат и пензиите“.

Тој соопшти дека се планира воведување енергетски пакети за пензионерите во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март и зимски регрес за пензионерите, почнувајќи од декември 2024 година, во износ од 3.000 до 6.000 денари, а највисока поддршка ќе добијат пензионерите со пониски пензии.

Слични содржини