Маричиќ: Единствени сме во регионот со институционална завршница на случаи со висока корупција

од Radmila Tasevska
221 прегледи

„Прашањето на кривичен прогон и спроведување на правдата се прашања за Обвинителството и за судовите. Ние како ниту една држава во регионот имавме и имаме случаи на висока корупција кои што добиле своја институционална завршници или свои институционален одговор“, истакна Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на „Топ тема“ на Телевизија Телма.

Тој праша каде во регионот има двајца министри за надворешни работи кои што издржуваат казна затвор, една од нив и веќе го заврши и издржувањето на таа казна, каде има толкав број на министри, градоначалници па и поранешен премиер, поранешни генерални секретари кои што се соочиле со лицата на правдата.

„Сме покажале и капацитет и потенцијал и затоа мислам дека не треба ни толку самите остро да се судиме особено што имаме дел од тие случаи завршено и ефектуирано со затворски казни“, потенцираше Маричиќ.

„Јас, случајот „Таргет-тврдина“ кога бев министер за правда беше првостепено пресуден со 12 години, од тогаш се поминати речиси 4 години. Скоро 3 години се поминати од тогаш, прашањето ми е повторно, зошто судовите не го завршија тој случај правосилно досега туку со повеќе пати враќање назад се справуваат со тоа…“, заклучи Маричиќ.

Слични содржини