Маричиќ: Многу е важно политиката на блокада на сопствената држава да биде поразена на изборите

од Radmila Tasevska
236 прегледи

„На ниту еден од нашите успеси и достигнувања не треба да им го намалуваме ни значењето ни вредноста. Петнаесетмесечниот скрининг процес беше суштински процес во којшто околу 1.000 наши луѓе во сите делегации околу 100 дена работеа, направија 850 презентации и одговорија на стотици прашања. Сето тоа доаѓа од 200 институции. Тоа беше масовен владински процес којшто ни укажа дека каде сме. Пукна меурот со тврдењата дека ќе го изгубиме јазикот и идентитетот и дека ќе ни се лучи нешто лошо. Никојпат никому нема да му биде лошо, ниту ќе не чини доколку бидат изгласани уставните измени“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија.

Тој смета дека неизгласувањето на уставните измени би било штетно за државата и дека оваа влада работи на обезбедување 80 гласа и дека сето тоа се одвива во атмосфера во која не владее притисок.

„Многу е важно политиката на блокада на сопствената држава да биде поразена на изборите. Доколку не биде поразена во парламентот до изборите. Политиката на блокирање на сопствената држава според мои очекувања ќе биде поразена од европскиот фронт од оваа коалиција без никакви аргументи ќе останат опонентите коишто си ја блокираат сопствената држава година и половина. Инаку да ги направивме уставните измени, досега ќе разговаравме за отварање на првиот кластер. Наместо тоа ние стоиме и чекаме да се направат уставните измени работејќи на тоа да се случи што побрзо“, заклучи Маричиќ.

Слични содржини