Денеска се одржа официјалниот настан за потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3. Спогодбата беше потпишана од вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир.
Вкупната вредност на новата ИПАРД 3 Програма изнесува 97 милиони евра. Станува збор за европски неповратни сретства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство. Првите 30 милиони евра веќе се на располагање за инветиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за мерките 1 и 7.
-Јас како и секогаш ја користам секоја прилика да посетам некој проект финансиран од ИПАРД, како што тоа го реализираме со кампањата Ние сме Европа во моментов и да ги видам резултатите од користењето на овие фондови. Неодамна, ја посетивме околината на Прилеп каде што преку директен пример можеме да видиме како земјоделците се трудат, вредно работат и реализириаат а средствата кои ги добиваат преку ИПАРД се од исклучително значење за нивните бизниси, за развој на регионот и на државата, истакна Маричиќ во своето обраќање непосредно по потпишувањето.
Вицепремиерот додаде дека спроведувањето на овие мерки, инвестирањето во градењето земјоделска политика по европски терк претставува квалитетно трасирање македонското земјоделство, и директен придонес кон јакнење на нашата економија.
-Можностите кои се отвораат со Ипард програмата се смерница за многу семејства, млади кои се вклучуваат во работата, придонесуваат за развој на земјоделието автоматски на економијата и најважно отовораат можности за нашите млади да останат во државата, да планираат и градат иднина во нашата родна земја, дома, во Северна Македонија, заклучи Маричиќ.