225
„Најдовме решение коешто сега ќе го врати системот во функција и коешто нема да ги остави без плата без нивна вина вработените во ФЗО. Се обидуваме сите оние кои се корисници на буџетските средства, без разлика дали се студенти или си ја работат својата плата, да бидат соодветно платени.“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со пратеникот на Германскиот Бундестаг Јосип Јуратович.
Тој додаде дека ова прашање ќе се реши по пат на дискусија по први јуни.
„Владата направи се и многу во овој период за покачување на платите во јавниот сектор и ова решение е во таа насока“, заклучи Маричиќ.