Маричиќ: Не законски измени, туку потребна е динамика со која целиот процес за издавање на пасошите би завршил летово

од Radmila Tasevska

Предлогот што го дава ВМРО-ДПМНЕ за измена на Законот за патни исправи е несериозен и директно се коси со Уставот и за жал нема да им помогне на граѓаните. Наместо тоа, треба да се разговара со компанијата која ги обезбедува обрасците за пасошите со цел да се постигне динамика со која целиот процес би завршил летово, изјави првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ.

-Ние би го разгледале сеирозно доколку помага. Но ние да продолжиме валидност на пасошите за да тие важат дома, а да не можат да ги употребат граѓаните надвор, мислам дека е тоа нешто што граѓаните ќе ги доведе во уште потешка ситуација од таа во која што се сега. Наместо тоа ние на Владата дискутиравме, разговаравме и побаравме од МВР, да се разговара со компанијата која што го има тендерот за обезбедување на обрасци на печатење на пасошите, да се создаде една динамика во која што во најскор можен рок, во текот на летото комплетно да се заврши процедруата за сите пасоши. Се друго значи правна несигурност за граѓаните, вели Маричиќ во изјава за медиумите по церемонијата на потпишувањето договори за пет грантови јапонска помош.

Тој потенцира дека за возачките дозволи и сообраќајните дозволи, била друга ситуацијата бидејќи тие се користат на територијата на нашата земја, но оти за пасошите можеме да влеземе во сериозна правна несигурност каде што нема да знаат граѓаните на кој аеродром или на кој граничен премин би биле застанати доколку, немаат нови патни исправи.

-Знаеме дека некои држави се потолерантни, некои не, меѓутоа наша задача е да забрзаме максимално што може секој граѓанин којшто побарал да добие пасош. Да не заборавиме дека меѓународните договори не можат да се менуваат според Уставот со закон, а во нашиот Устав се јасни работите пропишани и сите обврски коишто се спроведуваат произлегуват од уставен закон, не произлегуваат од волја на една политичкка партија. Затоа  повикувам на одговорен однос од сите страни. Јас сум сигурен дека целиот тим во МВР прави се што може и треба да продолжи да прави се што може, а Владата стои на располагање да помогне сите што сме во Владата, за граѓаните да добијат валиден пасош, пасош со којшто ќе можат слободно да патуваат, вели Маричиќ.

Во однос на динамиката на издавање на новите пасоши, одговорот, вели, треба да го даде МВР бидејќи имаат точен увид со оваа динамика или со зголемена динамика до кога може да се стаса. Но, вреди да се вложат напори да се стаса што побрзо, до летната сезона да се направи една сериозна бројка на исчекор во издавање на пасошите.

Слични содржини