Маричиќ од Охрид, Посета на куќата на Робевци

од Radmila Tasevska

Караванот Ние сме Европа предводена од Вицепремиерот Маричиќ продолжува денес во Охрид, во посета на Куќата на Робевци.

„Нашата цел и задача е да се заштитува македонското културно наследство,  да се обезбеди национално знаење и да се зачува македонскиот идентитет во рамки на европското семејство. Почитувањето на различните културни и традиционални вредности е една од клучните вредности во Европската унија.“ – изјави Маричиќ.

„Македонскиот интегриран идентитет, значи идентитет кој се промовира и заштитува рамо до рамо со останатите, идентитет кој е жив, кој се развива и постојано се засилува токму преку зачувување на културното и природното богатство. Идентитетот  на државата којај се грижи за своите корени и историја, но и се отвора кон нови идеи и влијанија е тој што добива почит од сите нас но и од пошироката светска јавност.

Во Северна Македонија, иднината се создава преку соработка, размена на знаење и взаемно почитување. Природната убавина, како и културното богатство се чуваат преку заштита на животната средина, почит кон националното наследство со кое располагаме, негово негување и зачувување. Убавината која ја краси овој регион е наследство кое ние имаме задача да го одржиме и да го заштитиме за кое ќе сведочат нашите поколенија во иднина.

Сведоци сме на изложените артефакти пронајдени на локалитети во градот Охрид (Плаошник, Горна Порта, Самоилова Тврдина и др.) и поширокиот Охридски регион. Предмети кои потекнуваат од различни периоди, почнувајќи од раниот неолит , останатите праисториски епохи, антиката, па се до средниот век. Во собата се изложени златни и позлатени предмети со временска припадност од 7. век пне до 4. век од н.е.

И доколку сме успеале да ги пронајдеме и заштитиме, наша цел е да создадеме услови да ги пренесеме во македонската колективна меморија.“

На посетата во куќата на Робевци, присуствуваа Вицепремиерот Маричиќ, амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер и директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски заедно со директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Ирена Шајн.

Слични содржини