Маричиќ: Создадовме услови за слобода на медиумите и Македонија е на прво место во регионот

од Илинка Илиоска
239 прегледи

Првиот вицепремиер задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ на социјалните мрежи напиша: „Создадовме услови за слобода на медиумите и за слобода на изразувањето и тоа дава резултати. Република Северна Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници, што е за две места подобар од 38-то место лани“.

Во продолжение ви ја пренесуваме пораката на Маричиќ во целост:

Северна Македонија е на врвот во регионот, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија е на 98-то место и Албанија на 99-та позиција.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ и „заробената држава“ Македонија беше на дното на Индексот на РБГ, кога во 2014 година се најде на 123 место, по слободниот пад во провалија кој започна во 2009 година, кога од 34-тото, дотогаш највисокото место, за 7 години падна за 84 место.

Во ерата на ВМРО-ДПМНЕ и „груевизмот“ воспоставен од оваа партија новинарите беа судени за „нанесената душевна болка” на политичари.

За разлика од “Сваровски” судството и судии и обвинители од тефтерчиња коишто ги судеа новинарите, Владата предводена од СДСМ донесе неколку измени и дополнувања на Кривичниот законик кои се однесуваат на пријави за клевета и навреда и за закани кон новинарите.

Сега нападите врз новинарите да се третираат како напади врз службено лице, а обвинителството постапува по службена должност.

Со ова е исполнето барањето на ЗНМ, чии претставници активно учествуваа во работната група што ги подготвуваше измените на Кривичниот законик, со кои, меѓу другото, се стави крај на праксата за неказнивост на насилствата врз новинарите.

Ставивме крај на времињата кога новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално осудени на живот во постојан страв од политичка и институционална одмазда поради професионално извршување на својата работа.

За жал, за време на изборната кампања ВМРО повторно си го покажа вистинското лице и почна повторно да апси новинари, а функционерите на ДПМНЕ да тужат медиумски работници.

Изборите се можност да не дозволиме да се врати режимот кој тепа новинари и затвора медиуми.

Нема откажување од таа борба.

Слични содржини