Маричиќ од Стразбур: Одлучна и просперитетна Европа е тоа што на сите ни треба

од Берта Китинска
135 прегледи

Новата реалност која ја живееме и ние и ЕУ бара конкретни чекори и одлуки кои ќе нè прават поединствени и ќе водат напред, напиша на својот Фејсбук профил заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

-Само со правилни одлуки и јасен стратешки план за проширување Европската Унија ќе ги надмине сегашните предизвици. Денеска На Европскиот самит во Салзбург ја отворивме најактуелната тема од почетокот на војната во Украина, а тоа е „Европа и мирот“ со фокус на „Визиите за Европа – очекувањата и реалноста“.Во овој отворен дијалог, со високите претставници на ЕУ, на национални влади од различни европски земји и академските експерти се осврнавме на важноста од обединување на ЕУ и се согласивме дека одлучна и просперитетна Европа е тоа што на сите ни треба, напиша Маричиќ.

Слични содржини