Маричиќ – Шуц: Германија останува посветена на регионот, Северна Македонија да се фокусира на реформите

од Destan Jonuzi
169 прегледи

Отворањето на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија е значаен чекор во политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, што е од стратешки интерес и за регионот и за Европа, рече директорката за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА во германското Министерство за надворешни работи, Сузана Шуц на денешната средба со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Како што нагласи Шуц, интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и соработката во рамки на Берлинскиот процес остануваат приоритет за Германија и во наредниот период.

Соговорниците се согласија дека сега е сè во рацете на Северна Македонија и дека е потребно земјава да се посвети на реформите и на исполнување на обврските, како и на вистински начин да ја искористи позитивната атмосфера во европските институции и меѓу земјите членки.

– За нас е важно да ја имаме поддршката од земјите членки на ЕУ. Почетокот на преговорите со Унијата е заеднички успех, со кој отворивме нова страна на евроинтегративниот процес. Сега е најважно да останеме фокусирани на реформите и на процесот на преговори, рече Маричиќ.

Маричиќ, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, се заблагодари за континуираната поддршка што земјава ја има од Германија и за препознавањето и вреднувањето на работата и посветеноста на оваа Влада на реформите.

На средбата се разговараше за одвивањето на скрининг процесот, за регионалната соработка и за важноста од проактивноста на Берлинскиот процес.

Слични содржини