Маричиќ ја поддржа иницијативата на ЦИВИЛ за општествено-политичко обединување за европска иднина на нашата земја

од Radmila Tasevska
293 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на својот Фејсбук профил, изрази поддршка за иницијативата на ЦИВИЛ за општествено-политичко обединување за европска иднина на нашата земја.

„Нема поголема македонска кауза од обединувањето на сите наши граѓани околу европската иднина на нашиот народ и нашата татковина. Да поддржиме и да создадеме моменти на заедништво како што е македонската изведба на евровизискиот хит од 90та ИНСИЕМЕ/ЗАЕДНО.“, напиша Маричиќ на својот профил на Фејсбук.

Тој го сподели и линкот од македонската верзија на познатиот италијански хит „Инсиеме/Заедно“ со која Тото Кутуњо победи на Евровизија во Загреб 1990 година.

 

 

Слични содржини