Во Хрватска од утре ќе може да се користи марихуаната за медицински цели. На сила стапува правилникот на Министерството за здравје со кој се дозволува нејзино користење за заболените од склероза, карцином, епилепсија и СИДА.

Medical-Cannabis

Во рамките на тоа е направен план за увоз на лековите на база на марихуана во Хрватска, а таквите лекови ќе може да се продаваат само со лекарски рецепт. Лековите ќе ги препишуваат одбрани доктори по медицина во областа на општата медицина, здравствена заштита на предучилишни деца и здравствена заштита на жените по препорака на доктори по медицина, специјалисти во неврологија, интернистичка онкологија, онкологија и радиотерапија, инфектологија и специјалисти педијатри.

 

Лековите кои содржат ТХЦ ќе може да се препишуваат на рецепт во количина потребна за лечење до најмногу 30 дена, а вкупното количество од супстанцата не смее да биде поголемо од 0,75 грама.

 

Стручната комисија за легализација на употребата на марихуана во медицински цели завршила во август и со својата работа утврдило дека собраните научни докази покажуваат дека лековите на основа на марихуаната не лечат или трајно излекуваат малигни болести, но ја спречуваат прогресијата и ги намалуваат симптомите.

 

Слични содржини