Марија и Марко Милошевиќ бараат ИТНО ПРЕКИНУВАЊЕ на серијата „Семејство“

од Vladimir Zorba
363 прегледи

Марко и Марија Милошевиќ преку нивниот адвокат испратија предупредување пред тужба и побараа итно прекинување на серијата „Семејство“, која започна да се емитува пред два дена, а која ги следи последните 72 часа од заедничкиот живот на нивното семејство, пред апсењето на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

„Блиц“ наведува дека ги поседува документите што децата на Милошевиќ ги испратиле преку адвокатот до продукцијата „Firefly“, во кои се вели дека, доколку не ја прекинат реализацијата на серијата, ќе сносат соодветни правни последици.

Серијата „Семејство“ ги прикажува трите дена пред апсењето на поранешниот претседател на Србија и СР Југославија Слободан Милошевиќ, се состои од пет епизоди, а главните улоги им се доверени на Борис Исаковиќ, Мирјана Карановиќ, Уликс Фехми, Гордан Кичиќ, Тијана Марковиќ, Милан Мариќ и други.

Слични содржини