Марин Ле Пен гласала на изборите: Ја пречекале граѓани, добила и цвеќе

од Nikola Popovski
331 прегледи

Кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен денеска гласаше на претседателските избори во Франција.

Насмеана, кандидатката полека тргнала кон избирачкото место, попат се ракувала и правела селфи со луѓето кои дошле да ја пречекаат, пишуваат француските медиуми.

Речиси 49 милиони Французи денеска учествуваат во вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат актуелниот претседател и центрист Емануел Макрон и кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен.

EPA-EFE/Ian Langsdon

Последните истражувања на јавното мислење предвидуваат дека Макрон ќе победи со 57 отсто од гласовите во однос на Ле Пен, која би можела да добие десет процентни поени помалку. Сепак, маргината за победа би била помала отколку на изборите во 2017 година, оценува „Политико“.

Се проценува дека излезноста би можела да биде околу 72%.

Додека Макрон веројатно има најголеми шанси за реизбор во споредба со неговирте претходници, Ле Пен се бори за својата политичка иднина, бидејќи поразот во третиот поход кон Елисејската палата ќе предизвика промени на чело на нејзината партија Национално здружување.

Слични содржини