299
Огромното мнозинство Французи повеќе не ја сака Европската унија како што е денес, изјави денеска Марин Ле Пен, лидерката на француската десница, која ќе се бори за претседателската функција во вториот круг од изборите на 24 април со актуелниот шеф на држава – Емануел Макрон.
„Огромното мнозинство Французи повеќе не ја сакаат ЕУ како што е денес. Европа – не оспорувам дека постои соработка, се разбира. Но, тоа не може да се прави против волјата на народот“, рече Ле Пен во интервјуто за француското радио France Inter.
Таа рече и дека нема „тајна агенда“ за евентуално излегување на Франција од Унијата во случај да победи на изборите.