Лидерот на француската десница и кандидат за француски претседател Марин Ле Пен верува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски бара од Западот повеќе отколку што може да обезбеди.
„Зеленски сака поголема поддршка. Понекогаш бара повеќе отколку што е можно“, изјави Ле Пен за ТВ каналот Франс 2, пренесe ТАСС.
Одговарајќи на прашањата на новинарите, Ле Пен прецизираше зошто се противи на употребата на терминот „геноцид“ во врска со настаните во Украина.
„Геноцидот има многу јасна правна дефиниција и не се вклопува во ситуацијата“, рече Ле Пен.
Истовремено, Ле Пен истакна дека не верува во можноста Русија да се изолира на меѓународната сцена.
„Тоа е голема светска сила“, изјави кандидатот за претседател на Франција.
Таа напомена дека го поддржува обновувањето на односите НАТО-Русија по завршувањето на украинскиот конфликт.
– Мислам дека Западот ќе има многу да загуби доколку Русија долгорочно избере соработка со Кина – истакна Ле Пен.