Марин објави конкурс за проектирање на нова општинска зграда во Аеродром

478 прегледи

Општина Аеродром објави меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна (општинска) зграда.

Со изградбата на општинска зграда ќе се создаде можност за поефикасна соработка со граѓаните и ќе се рационализираат издатоците од буџетот на Општината.

Покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории за прием на граѓани, во конкурсот се бара да се предвидат и современи технологии на градење со материјали и решенија што ќе овозможат висок степен на енергетска ефикасност.

Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица од областа на архитектурата, а крајниот рок за предавање на трудовите е 1 март.

Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за нова општинска зграда, и тоа 300 000, 100 000 и 50 000 денари.

Сите заинтересирани можат да конкурираат на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx?fbclid=IwAR3sovidEGrQyIooGKR66ucq-sBUppquYyW-6Fqhfd09K9kUR14ZB-AEtEY#/dossie/1c0a9f5e-1bbd-45b0-9b57-52b7b6f7a65c/6

Слични содржини