262
Мандаторот за состав на новата италијанска влада, Марио Драги, денес доби голема доверба од горниот дом на парламентот.
Тој беше поддржан од Сенатот со 262 гласа „за“ и 40 „против“, со два воздржани.
Денеска ќе гласа и долниот дом на парламентот и се очекува тој лесно да добие поддршка, откако помина убедливо во Сенатот.
Новата влада е формирана на барање на италијанскиот претседател Серџо Матарела, кој побара Драги да ја води земјата низ пандемија и економска криза, објави АП.