Мариупол се соочува со недостиг на вода за пиење

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Мариупол се соочува со критичен недостиг на вода за пиење, изјави денеска Петро Андрушенко, советник на градоначалникот на тој украински град, Вадим Бојченко.

Андрушенко, кој не се наоѓа во Мариупол, вели дека луѓето треба да се регистрираат за да на два дена добијат вода за пиење и тврди дека водата што ја обезбедуваат руските „окупаторски“ власти не е добра за пиење, пренесува Си-Ен-Ен.

Штетата што ја претрпе Мариупол за време на двомесечното воено уништување е толку голема што локалните власти поддржани од Русија мора целосно да ги обноват основните комунални услуги како струја, гас и вода.

Слични содржини