Дефинитивно постои информациска војна, која не е нова, постоеше и порано, рече во Утрински Брифинг Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец ,додавајќи дека Западот сега ја добива таа војна не само со руската пропаганта туку и со војната против демократијата.
Тој потенцираше дека на интернет има различни платформи кои шират руска пропаганда и велат дека Русија ѝ се заканува на Македонија со разни пропаганди, но сепак тоа не може да влијае на граѓаните, а ниту пак Русија и се заканува на Македонија.
– Се поставуваат слики од лидерот на Левица со рускиот амбасодор со наслов „Конечно некој нормален во државата“. Притоа ако вие признавате дека сите други се ненормални, а вие сте изолирани и дали тоа не е доказ дека сте малцинство кое не успеало да ги убеди сите други ѓраѓаните? , вели Забрчанец.
Забрчанец заклучи дека не се сомнева дека на среден рок ќе се изгуби битката против пропагандата, оти позициите се јасни.