Марк Цукерберг ги сокрил со лепенки веб камерата и микрофонот на лаптопот

од desk3
95 прегледи

zx450y250_2782532Има доста приказни за способностите на хакерите да добиваат целосна контрола над компјутерите на корисниците. Вклучувајќи ја и можност да ги вклучуваат камерата и микрофонот на лаптопот, без да има индикации за тоа.

Слични можности, изгледа,го загрижиле и основачот на Facebook, Марк Зукерберг. Будните интернет корисници забележаа дека тој ги блокирал со лепенки вебкамерата и микрофонот на својот лаптоп.

Цукерберг објави своја слика со која се заблагодари за постигнување на 500 милиони Корисници во Instagram. Според корисниците тоа навистина е масата на Цукерберг и тоа е неговиот MacBook. Самиот Цукерберг не ја коментирал темата, ниту пак Facebook.

Тој далеку не е единствената јавна личност која прибегнува кон такви мерки. Директорот на ФБИ Џејмс Комеј сподели неколкупати дека исто става лепенки на камерата на нејзиниот лаптоп, за да не биде шпиониран од хакери.
Всушност слични активности се далеку од параноја. Компанијата за сајбер безбедноста Symantec ги предупредува корисниците да не држат камери во спалните и “да не прават нешто пред веб камера, што не би сакале светот да го види”, соопштува ББЦ.

“Има толку многу компјутерски вируси кои можат да добијат пристап до камерите и микрофоните на лаптопите, па е сосема логично да се стави лента на нив. Всушност дури не знам зошто компаниите не ги продаваат лаптопите со вградени лизгачки капаци за објективите на веб камеррите” , коментира Ален Вудуорд, професор по компјутерска безбедност на Универзитетот во Сари.

Тој, сепак, додава дека Ставањето лепенка на микрофонот не е толку ефикасно. Звучните бранови минуваат и низ лепенката која игра улога на уште една мембрана, вели специјалистот.