Марк Цукерберг стана шестиот најбогат човек во светот

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Марк Цукерберг штотуку стана шестиот најбогат човек во светот, објави “Блумберг”.

download (11)

Богатството на основачот на Facebook се зголемило за 5,5 милијарди долари од почетокот на тргувањето денеска, откако најголемата социјална мрежа во светот претстави последователен квартал со рекордни приходи. Така нето богатството на 31-годишниот Цукерберг достигна 47 милијарди долари, доволни за да ги надмине браќата Чарлс и Дејвид Кох со 45,3 милијарди долари, покажува индексот на милијардери на Bloomberg.

Вчера “Фејсбук” забележа раст на продажбата за четвртиот квартал од 52% од 5,84 милијарди долари и двојно поголема нето добивка од 1,56 милијарди долари во однос на истиот период претходната година. Над 1,59 милијарди корисници ја користат мрежата секој месец, тврди компанијата.
Петмината милијардери кои остануваат пред технолошкиот претприемач во рангирањето – Бил Гејтс, Амансио Ортега, Ворен Бафет, Џеф Безос и Карлос Слим, вкупно изгубиле 24 милијарди долари во тргувањето од почетокот на месецот до вчера поради падот на глобалните берзи.

Цукерберг сега е еден од тројцата милијардери меѓу 20-те најбогати луѓе во светот, кој забележа раст на богатството во оваа година, покажува индексот на “Блумберг”, секојдневен показател на 400-те најбогати луѓе во светот.

На 27 јануари милијардерите вкупно има нето богатство од 3,7 трилиони долари, што е пад од 14% во однос на врвот од 4,3 трилиони долари на 18 мај 2015 година.